Во врска со информацијата објавена од „Топ Чанел“, сакаме да истакнеме дека се работи за класична лажна вест. Обидот за намерно создавање забуна е повеќе од очигледен и нема да помине кај ниту еден свесен граѓанин. Имено, ако внимателно се гледа видеото, јасно може да се забележи дека се работи за промена на постојното знаме на ЕУ, кое беше таму на претходната прес-конференција, со ново знаме за настанот што следеше подоцна со косовскиот премиер.
Ова го одговорија од Владата.
Не е згрешено знамето, па сменето, туку едноставно снимена е замената на знамињата односно во прилогот злоупотребен е моментот кога е заменето знамето на ЕУ кое стои до државното за да се стави знамето на државата од каде доаѓа гостинот, во случајот премиерот на Косово.
Овој вид на т.н. известување претставува класичен обид за релативизација на сите скандали и пропусти на претходната влада. Аматеризмот кога се грешеа знамиња на држави или се поставуваа наопаку не е, ниту може да биде случај сега со оваа извршна власт.
Ги замолуваме медиумите пред да објавуваат вакви сензационалистички дезинформации и лажни вести, да проверат фактите. Во спротивно, тие стануваат дел од нечесната и валканата политичка битка на ретроградните сили кои доживеаа катастрофален пораз на изборите, стои во соопштението.