Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?
Компанија која постои веќе 35 години, според достапни расположливи податоци, е субјект што ќе исплати наголема дивиденда по акција во нашата 30 годишна корпоративна историја
Ова вест која веројатно долго време ќе остане запишана во аналите на македонската корпоративна историја. Во овие 30 години постоење на берза и тргување со акции во Македонија не се случило компанија на своите акционери да им подели дивиденда во вредност од 1.985 евра за секоја акција со право на глас и право на дивиденда.
Всушност станува збор за следново: скопската авторска агенција „Патентенцентар – консалтинг“ АД од Скопје ќе подели дивиденда во вкупен нето износ од 197.500 евра на своите акционери. Компанијата има 100 акции (гласачки права) и секоја од нив на сопственикот му носи нето дивиденда во износ од 1.985 евра односно 122.088 денари за секоја акција. Сите објавени детали за одлуката за доделување на најголемата дивиденда по акција во македонската историја се достапни на следниот линк
Компанијата „Патентенцентар – консалтинг“ при пребарување на интернет излегува како компанија посредник за заштита на интелектуална сопственост. За сите заинтересирани повеќе детали за нивната работа има на следниот линк https://www.patentcentar.mk/
На нивниот сајт пишува дека се прва македонска приватна агенција за интелектуална сопственост основана во сега веќе далечната 1990 година. Пишува дека од основањето досега дале услуги на повеќе од 35.000 поединци и на над 4.500 правни лица од областа на науката, образованието, уметноста и на медиумите за масовна комуникација.