Од организаторите на протестниот марш за младата Фросија „Кој е следен?“ објавила правила и препораки за однесување.
„1. Почитувајте ги инструкциите на редарите
2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните
3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира
4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфронтација
5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, приотехники и слични предмети
6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот“
Маршот ќе започне во 17.00 часот пред Универзална сала. Понатаму, ќе се движи кон Собрание и ОЈО за на крај да заврши пред Кривичниот суд.