Коцарев: Дали може да се поведе судска постапка за идентитетскиот геноцид врз Македонците со договорите со Грција и со Бугарија?!

174

„Дали е можно да се поведе постапка за геноцид врз Македонците водејќи се од ‘дејствата извршени со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група како таква’? Дали е доволно за поведување судска постапка повикувањето на ‘предизвикување сериозни телесни, или умствени повреди на членовите на групата’? Дали насилното ревидирање на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската историја, што го прават договорите со Грција и со Бугарија и Преговарачката рамка со ЕУ не предизвикува сериозни умствени и духовни повреди на Македонците, што се пројавуваат и со физички повреди? Тоа што денес нам, на Македонците, ни се случува за многумина е културен, идентитетски геноцид, без разлика дали некогаш воопшто ќе се води судска постапка. Ги убиваме сопствените внуци и нивните деца, ги убиваме како поддршка на политиките за натамошната демакедонизација на Македонија и создавање нова ‘лабораториска нација’. Не молчете, – кој молчи, тој се согласува. Сега е време кога треба да се зборува, да се пишува и да се дејствува.“ – нагласува академик Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки и уметности во својата колумна со наслов „Повик за отпор“,  која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content