Корона пресекот стигна: 336 новозаболени и 32 Починати лица

56

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-95, Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.

 

Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21169.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content