Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

55

Корисниците на Windows 11, кои се дел од програмата Insider, сега можат да користат кој било уред со Android 9.0 или понова верзија како веб камера за време на видео-конференциски повици.

За сè да функционира, потребно е да ја инсталирате апликацијата Link to Windows на мобилниот уред, односно верзијата 1.24012 или понова.

Оние кои се дел од програмата Windows Insider потоа треба да ги следат чекорите Settings – Bluetooth & devices – Mobile devices и да ја изберат опцијата Manage devices, каде што ќе му дадат пристап на компјутерот до мобилниот телефон Android. По поставките, ќе се прикаже потврда за успешна врска.

Корисниците ќе можат да ја користат предната и задната камера, да додаваат ефекти и да пристапуваат до претходно направените фотографии преку компјутер. Новите Insider функции во моментов се достапни за корисниците.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content