Конференција на проектот за достапноста на е-услугите на локално ниво

42

Имено, Рурална коалиција во јуни 2021 година започна со имплементација на овој проект кој што е насочен кон заjакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини преку развоj на препораки и застапување за дигитализациjа на локално ниво.

Проектот успеа да изработи алатки за воспоставување на редовен мониторинг и следење на унапредувањето на квалитетот и дигитализациjата на jавните услуги во руралните општини и тоа токму преку директна вклученост на граѓаните и придонес кон реформата на jавната администрациjа на локално ниво. Проектот се имплементираше во општините Старо Нагоричане, Кривогаштани и Врапчиште, а на локалната конференција ќе имате можност да ги проследите резултатите постигнати во рамките на проектот, но и да отвориме дебата кои се следните чекори кога е во прашање дигитализацијата на општините и користењето на е-услугите, наведуваат од Рурална коалиција.

Проектот е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија). мс/са/

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content