Конкурс за избор на најеколошка општина за 2020 година
Пријавувањето за конкурсот е веќе започнато, а општините можат да ја испратат нивната апликација на веб страната на Пакомак.
Право на учество во конкурсот за најеколошка општина имаат сите општини во земјава (урбани и рурални) кои ќе ја приложат еколошко-општествена работа реализирана во текот на изминатата 2020 година. Општините што сакаат да ја понесат титулата Најеколошка општина можат да се пријават со пополнување на апликацијата која e објавена на веб-страницата www.pakomak.com.mk.
Финалниот избор за најеколошка општина ќе биде направен според успешноста во реализацијата на претходно одредените критериуми кои ги пропиша Пакомак. Дел од критероумите се количини на собран селектиран отпад од пакување, од домаќинствата, деловните субјекти и училиштата. Во предвид се зема секој отпад што претставува секундарна суровина (пластика, хартија, стакло, лименки, метал, електронски и електричен отпад….), Број на нови контејнери за селекција на отпад поставени на јавните површини, во општината одделно за период 01-12.2020 година и дополнително број на контејнери за селекција на отпад поставени на јавните површини пред овој период, како и број еко-кафулиња и ресторани во општината кои селектираат стаклена амбалажа како отпад од пакување и количините на собрана стаклена амбалажа како отпад од пакување од истите објекти.
Во критериумите спаѓаат и висината на средства во општинскиот буџет, предвидени за екологија за 2020. и висината на средства потрошени на проекти од животна средина од општинскиот буџет, реализираните еколошки проекти во тековната година поврзани со отпадот и неговиот третман во вашата општина, во сите други области, заштита на водите, воздухот и почвата, број на новозасадени дрвја во општината, уредени зелени површини во општината. Јавните кампањи кои ги спроведува општината за зајакнување на јавната свест за значењето на селекцијата на отпадот и други прашања од заштитата на животната средина, еколошките акции за чистење на диви депонии во општината во тековната година, како и редовните инспекциски контроли и исполнување на потребните услови за работа на големите загадувачи на територијата на општината, се исто така во критериумите за избор.
Општината која по гласањето на жири-комисијата ќе биде избрана како Најеколошка општина за 2020 година, Пакомак ќе ја награди со изградба на детско игралиште направено од еколошки материјали.
Рокот за испраќање на пријава за учество е до 31 август 2021. Пријавата треба да се достави во електронска форма на е-адреса: [email protected].