Компанија отпушти 90 отсто од вработените поради вештачка интелигенција

53

Шефот на оваа компанија, Самит Шах, на Твитер објави дека тоа е „тешка, но апсолутно неопходна одлука“, пренесува Би-би-си.

Во исто време, тој се пофали со резултатите, бидејќи AI chatbot го намали времето за првиот одговор на корисникот од една минута и 44 секунди на нула, а проблемот на клиентот беше решен во просек за три минути и 12 секунди, наместо претходните два часа и 13 минути.

Трошоците за услуги на клиентите се намалени за 85 отсто, додаде Шах.

Објавата доби 1,7 милиони прегледи на Твитер и предизвика жестока дискусија, при што многумина ја критикуваа деловната одлука како „нечувствителна“.

„Голдман Сакс“ во март објави анализа, според која развојот на вештачката интелигенција ќе загрози 300 милиони работни места ширум светот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content