СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Компанијата Дрекслмајер донираше апарат за новата лабораторија на Центарот за јавно здравје во Прилеп

Компанијата Дрекслмајер од Кавадарци донираше нов апарат „AB Genix” за опремување на молекуларната лабораторија во склоп на лабораторијата за микробиологија во ЦЈЗ Прилеп.

Апаратот, соопшти компанијата, претставува автоматски екстрактор на нуклеински киселини РНК и ДНК, а ќе се користи за тестирање примероци од нос и грло од пациенти сомнителни на Ковид-19. Со ова ќе се зголеми капацитетот на тестирања во градот и околината, а воедно ќе се намали времето на чекање за овој вид тестирања.

Би сакала да искажам огромна благодарност до компанијата Дрекслмајер што ни овозможи да ја комплетираме лабораторијата за молекуларно тестирање во склоп на микробиолошката лабораторија во ЦЈЗ Прилеп. Со помош на овој апарат времето за чекање на резултатите значително ќе се намали. Истата оваа опрема во иднина ќе служи и за изолација на нуклеински киселини РНК и ДНК и за други вирусни и бактериолошки испитувања. Станува збор за опрема што ќе им служи и на идните генерации, ја пренесува компанијата изјавата на директорката на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Прилеп, Драгица Николоска.

 

Од почетокот на пандемијата, Дрекслајмер во повеќе наврати донираше медицинска опрема за помош на здравствените институции, во борба со коронавирусот. Општата болница во Кавадарци неодамна доби 400 брзи тестови за детектирање на вирусот.

-Како општествено одговорна компанија се стремиме да излеземе во пресрет онаму каде што е најпотребно. На овој начин, во време на глобална здравствена криза, сакаме да го дадеме својот придонес за заштита на јавното здравје, така што од една страна ќе ги подобриме условите за работа на здравствените работници со нови современи медицински апарати, а од друга страна граѓаните ќе добијат брза и ефикасна услуга. Како компанија која е партнер на регионот остануваме посветени на зајакнувањето на меѓусебната соработка во напорите за побрзо и поефикасно справување со пандемијата, истакнал Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер во Kавадарци.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content