Според податоците на Синдикатот, толку граѓани земаат по 15 илјади денари плата, односно минималната. Во време кога цените во маркетите секојдневно растат, за голем дел од граѓаните тешко е да го истуркаат месецот, а не пак да издвојат за празниците.
Сител направи пресметка, колку чини традиционалната празнична софра, составена од сарма, руска салата, свинско печење, кифлички и десерт. Најскромно подготвена, килограм свинско или прасешко во месарниците е околу 300 денари, слична, нешто пониска цена има и пилешкото. Килограм руска е околу 250-300 денари, додека за готови кифлички треба да се издвои од 150 до 250 денари за килограм. Се продава и готова сарма, од 350 до 400 денари за килограм, а ако се подготви дома, од килограм мелено месо ќе чини околу 400 денари.
Неизбежно на трпезата е да има и вино, сок или пиво, за што минимум треба да се платат уште 500 денари.
Ако се додаде и нешто благо, во просек по 500 денари, едно 4 члено семејтво само за една ноќ, во домашна атмосфера најскромно ќе го чини 2.300 денари.
Ако се поможи истата сума и за Бадник и Божиќ, значи околу 4.600 денари е сумата за скромен дочек за празниците. Во кафеана, цените се доста повисоки.
Трговијата и текстилната индустрија и половина од вработените во јавниот сектор земаат миинмалец. 35.500 лица, пак примаат социјална помош. Со овие примања според синдикалеоцот Ралповски празникот за нив ќе биде еден обичен ден.
Ако се додадат тековните трошоци за живот, сметки, комуналии, превоз, јануари ќе биде најтежок месец за најголем дел од граѓаните.