Ова го покажува годишното истражување на порталот cable.co.uk спроведено во периодот од 1 јули 2021 до 30 јули 2022 година, додека обработката на податоците траела до 6 септември, кога е овозможен јавен увид во мерењата и резултатите.
По Исланд следат Луксембург, Лихтенштајн, Андора и Франција, а овие земји ја заокружуваат најдобрата или можеби е подобро да се каже најбрзата петка, со просечна брзина на преземање помеѓу 120 и 220 мегабити во секунда. Авганистан и Гвинеја Бисао ја заокружуваат светската листа со брзина помала од 1 Mb/s, како и Јемен и Туркменистан каде брзината е под 0,8 Mb/s.
Големината на земјата секако влијае на брзината на интернетот. На пример, земјите како Луксембург или Лихтенштајн имаат одредена предност, бидејќи тие треба да обезбедат исто ниво на интернет услуга на помала област во споредба со поголемите земји како Германија или Италија, што во нивниот случај е технички покомплексна и секако поскапа инвестиција.
Франција имаше добри резултати во 2021 и 2022 година, дури и ако истражувањето не ги земе предвид регионалните разлики. Ако ги исклучиме земјите со помалку од милион жители, француската фиксна интернет мрежа е трета во светот, зад Тајван и Јапонија.
Регионот на опашката на Европа
Просечната брзина на преземање во Македонија е 21,59 Mb/s.
Хрватска и Словенија се меѓу земјите со просечна брзина на преземање од 20 до 49 Mb/s, додека Србија зазема подобро место со брзини од 50 до 99 мегабити во секунда, покажува мапата.
Во Хрватска брзините се 20,74 Mb/s, а во Словенија 38,15 Mb/s. Србија има просечна брзина на преземање од 51,84 Mb/s, што е за 250 отсто побрзо отколку за хрватските граѓани.