Кои маркети во Прилеп имаат понудено производи со намалени цени во “Новогодишната кошница”

109

Oд 15. декември стартуваше „Новогодишната кошничка“ која ја спроведува Министерството за економија и труд, а на иницијатива на производителите, дистрибутерите и маркетите.

Листата досега брои над 1.000 различни прехрамбени производи од 95 производители/дистрибутери, чии цени се намалени за најмалку 10%. Производите можат да се најдат во 42 синџири на маркети низ државата, а граѓаните листите на производи од секој производител и маркет можат да ги погледнат на веб страната www.mojakosnica.mk.

Oд министерството информираат дека интересот за акцијата и понатаму трае. Секојдневно со свои производи се пријавуваат нови компании, кои покажуваат општествена одговорност и дел од својот асортиман го ставаат на располагање по намалени цени.

Целта е да се обезбеди пристојна празнична трпеза за трпезите за секое семејство во државата. Граѓаните пак се интересираат, проверуваат, ги бараат ознаките со натписот “Помалку трошоци, повеќе за тебе” и проверуваат дали цените се намалени.

До нас стигнаа дописи од читатели кои се интересираат кои маркети во Прилеп учествуваат во новогодишната кошница и каде има намаленија.

Според нашите сознанија, граѓаните поевтино во Прилеп можат да пазарат во сите КАМ маркети, дисконтите на СТОКОМАК, маркетите на КИПЕР, ЖИТО маркети, маркетите на ФУТУРА и маркетите на ТОБАКО.

Сите овие маркети имаат свои листи на производи со кои учествуваат во акцијата. Проверете на www.mojakosnica.mk

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content