Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е недостапен за лицата на прогонот. Спроед информации до кои дојде Република, Ковачевски уште во септември ја напуштил Македонија. Покрај Ковачевски недостапни се и други тројца осомничени за тежок криминал во РЕК Битолa.
Засега МВР не ги потврдува овие информации. Оттаму само кратко велат дека детали ќе има подоцна.
–Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, посочуваат од МВР.
Според информациите кои се достапни уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови. Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.
Според сегашните сознанија со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола. Стефанов и Матевскибиле осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.
Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.
Според порталот МКД.мк кај приведените биле пронајдени 130 000 евра готовина.
Од утрово во тек е опсежна полициска акција, при што се уапсени повеќе лица во врска со криминални активности за јавни набавки во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј, но Ковачевски не е приведен бидејќи е надвор од земјата. Кај некои од приведените е откриена значителна сума од над 130.000 евра во готовина, пренесува МКД.мк.
FacebookTwitterCopy LinkShare