Коалиција Вреди: ДУИ денес потврди дека за нив интересите на Албанскиот народ „важат” само кога тие се власт

161

Изразуваме жалење што ДУИ денес потврди дека за нив интересите на Албанскиот народ “важат” само кога тие се власт. Африм Гаши е првиот Албанец избран за Претседател на Собранието со 76 пратеници, значително мнозинство кое беше логично да биде подржано од сите пратеници Албанци, без разлика дали се позиција или опозиција.

Бегството на пратениците на ДУИ од собраниската сала е нова епизода од неподржувањето на Арбен Таравари за единствен претседателски кандидат на Албанците и бојкотот на вториот круг на претседателските избори. Погрешни одлуки на ДУИ спротивни на интересите на ЕУ и САД. Со ваквото поведение ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левица.

Европскиот фронт на ДУИ се разобличи на првиот опозициски тест. ДУИ има обврска да ја прифати реалноста и да се однесува како одговорна опозиција. Заради серијата очајни политички одлуки сега имаат уште поголема тежина во многу блиска иднина да докажат дека нема како опозиција да ги ризикуваат ЕУ перспективите заради лични и теснопартиски интереси, велат од Коалиција „Вреди“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content