Кирил од Левица главен организатор: Видео од состанок каде се подготвува српско сценарио и насилство на утрешниот протест во Скопје
Во јавноста протекоа видео-снимки од онлајн сесија преку платформата „Зум“, кои укажуваат на сериозен обид за политичка манипулација и злоупотреба на трагедијата во Кочани.
Станува збор за координирани обуки, во кои учествуваат граѓани од Македонија, како и обучувачи и активисти од Србија, каде веќе подолг период се одвиваат протести и улични движења со дестабилизирачки карактер. На снимките се слушаат совети за тоа како да се организира привидно спонтан револт, како да се избегне секој институционален дијалог, да се креира медиумска драма и да се манипулира јавното мислење преку лажни профили и фабрикувани пораки.
Особено загрижувачки е фактот дека во еден дел од разговорите, српскиот обучувач користи неприфатлива и навредлива терминологија за албанската заедница со терминот „Шиптари“, што претставува говор на омраза и дополнително го потврдува деструктивниот пристап кон мултиетничкиот соживот во Македонија.
Дополнителни извори посочуваат дека зад организацијата стојат добро познати имиња од политичката сцена и медиумскиот свет во Македонија. Како неформални координатори и инспиратори на ваквите процеси се споменуваат Марјан Забрчанец, Џабир Дерала, Љубомир Фрчкоски, Сашо Ордановски и структури блиски до неформалната група Инфомакс.МК, која, според истите извори, е поврзана со бизнисменот Палчо. Станува збор за сојуз на ретроградни елементи од СДСМ и од ДУИ – групации кои, наместо да извлечат поука и да ја почитуваат болката на народот, се обидуваат да се вратат на сцена преку манипулација и злоупотреба на трагедијата.
Архитектите на ова сценарио не ја криеја намерата да го применат т.н. српски модел: организирани протести, блокади и медиумски притисок со цел создавање институционална парализа и слабеење на власта. Според нивниот концепт, ова би бил начин за „рестартирање“ на политичкиот систем и враќање на дискредитирани структури.
Овие настани ја отвораат потребата за внимателно следење на организирани активности под маска на автентичен граѓански револт. Истовремено, го поставуваат прашањето: Дали станува збор за студентска иницијатива или за политички сценарио чија крајна цел е дестабилизација на државата? Македонското општество, кое веќе еднаш поминало низ кризи инспирирани од надворешни и внатрешни центри на моќ, има обврска да ги препознае ваквите обиди и да одговори со зрелост, обединетост и решителност.
На снимките се слушаат совети за тоа како да се иницира „спонтан“ протест, да се креира привид на автентично студентско незадоволство, да се избегне секој институционален контакт и да се манипулираат социјалните мрежи преку лажни профили и анонимни организатори.
„Јас лично сум од партија, мене ми е ова да успее, ако треба ќе се повлечам,“ вели едно лице.
„Блокирајте улици, тоа ќе изгледа како знак на жалост“, предлага друг.
„Треба да смениме идентитет, да тргнеме постови и да имаме 3-4 барања за да изгледаме пореални,“ се слуша во снимката.