Како нашата држава гледа на контроверзниот 5G?

32

Во летото, владата на Велика Британија објави дека на кинеската фирма треба да ѝ се забрани да биде дел од најчувствителните основни делови на мрежите во Велика Британија. И неодамна, владата им наложи на телекомуникациските оператори од наредниот септември да престанат со инсталирање на опремата Huawei во 5G мрежите во Велика Британија.

Но, во Европа, многу оператори сè уште зависат од Huawei за постојните 4G мрежи, а капацитетите за самостојно инсталирање на 5G мрежите во европските земји се многу мали. Покрај тоа, Huawei има тековни договори за снабдување со телекомуникациска опрема во многу европски земји.

 

Според најновите вести во Германија, сојузниот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека општото исклучување на индивидуалните добавувачи е „помалку од оптимално решение“. Запрашан за довербата на Германија во кинеските даватели на телекомуникациска опрема како што е Huawei, тој рече дека довербата не зависи пред сѐ од земјата на потекло, туку од употребената технологија. Зехофер рече дека сега е воведена законска одредба што ќе им овозможи на властите да ја проверат довербата на соодветен начин. Слично на тоа, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис изјави на интервју во ноември оваа година: „Нашите телекомуникациски оператори се европски компании. Нема грчки компании, а на крајот на денот тие ги донесуваат одлуките. Ние ќе го следиме патот на Европа, европскиот “мејнстрим“ за ова прашање “.

Во октомври, додека владата на Северна Македонија потпишуваше 5G меморандум со САД, премиерот Зоран Заев исто така изјави дека Република Северна Македонија, како кандидат за членство во ЕУ, има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ, како и политиките за безбедносните аспекти на имплементацијата на 5G технологијата.

„Во моментов се подготвуваат измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации, а во согласност со стратегијата за развој на 5G мрежата, се планира до 2023 година голем град во земјата да биде опфатен со 5G мрежа. Со измените и дополнувањата на законот за електронски комуникации, кои се однесуваат на мобилни мрежи и кои наскоро треба да бидат во собраниска процедура, ние ќе бидеме првата земја што ќе го усогласи своето законодавство од областа на сајбер безбедноста со препораките на Европската комисија и ќе го следиме текот на практики на земјите од ЕУ“, рече Сашо Димитријоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content