Како настана „Погледај свој дом, анџеле“, песната што стана симбол на едно време

105

„Погледај свој дом, анџеле“ е една од најемотивните и најпопуларните песни на групата Рибља Чорба, која стана еден вид класика на балканската рок музика. Песната е објавена во 1985 година на албумот „Истина“ и ги допира темите на загубата, тагата, но и надежта и често се толкува како одраз на тогашната општествена и политичка ситуација во Југославија.

Приказната што ја сподели Вук Жугиќ во емисијата „Еден добар ден“ на РТС открива како настанала оваа песна. Бора Ѓорѓевиќ, водачот на групата и автор на песната, пред Вук и неговата сопруга ја отпеал оваа песна, пред да биде објавена, а песната толку ги допрела сите, што не можеле да ги запрат солзите. Тој момент ја покажува длабочината на емоциите и силната порака што Бора сакал да ја пренесе преку својата музика и покрај сомнежите за авторската криза.

Оваа песна стана симбол на едно време и една од најважните во опусот на Рибља Чорба, која и ден денес предизвикува силни емоции и морници кај слушателите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content