Со верзијата 11 на Windows, па и со претходните, Microsoft им нуди на корисниците куп апликации од своите „партнери“ во пакет, а ние ви пренесуваме начин како да инсталирате целосно „чист“ Windows 11.
Денес, модерните верзии на системот Windows доаѓаат во комплет со различни апликации од трети страни, кои системот дополнително ги прикачува на менито Start. Имајќи предвид дека верзијата 11 чини 140 евра па нагоре, корисниците треба да можат да изберат што сакаат да се инсталира на нивниот уред. За жал, тоа не е така, па новата инсталација на Windows 11 ќе ви донесе и TikTok, Instagram, Spotify и многу други апликации чии сопственици соработувале со Microsoft за да апликациите автоматски се инсталираат на нови корисници.
Технолошките ентузијасти имаат алатки за „борба“ против обидите на Microsoft да го наполни Windows со непотребен софтвер, но не ви требаат комплицирани скрипти или алатки од трети страни за да добиете чиста инсталација на Windows 11 без TikTok, Instagram, ESPN. Spotify и други програми. Сè што е потребно е едноставно поставување што повеќето корисници го занемаруваат кога првпат инсталираат Windows на нивните уреди.
Како да инсталирате Windows 11 без bloatware?
Bloatware се користи како колоквијално име за апликации што некој ви ги нуди иако не сте се согласиле да ги инсталирате, како што е случајот овде при инсталирање на Windows 11.
Инсталирањето на системот Windows 11 започнува со веќе познатиот екран за поставување, каде што го избирате јазикот, регионалните формати и методите за внесување. За да спречите Windows 11 да повлече куп апликации што не ги сакате, во паѓачкото мени наместо вашиот регион, изберете англиски (светски или европски), потоа форматот на времето и валутата и потоа продолжете со инсталацијата како вообичаено.
Изборот на универзален формат за време и валута може да резултира со неколку грешки при инсталацијата, но игнорирајте ги. Имено, на оперативниот систем ќе му треба малку време да го вчита почетниот екран за избор на регионот, а потоа ќе ја фрли типичната грешка Something went wrong со кодот OOBEREGION. За да го решите проблемот, кликнете Skip, а подоцна може да ги промените регионот и форматите во системските поставки.
Може да наидете на слична грешка во другите чекори, затоа продолжете повторно да притискате Skip или Try again. Конечно, преку екранот за поставки, ќе дојдете на работната површина со Start мени без апликации од трети страни.
Сега можете да отидете во Settings > Time and language > Language and region и да ја поставите вашата земја и регионален формат. Исто така, слободно инсталирајте ги сите достапни системски ажурирања веднаш. На овој начин нема да се инсталира дополнителен софтвер на вашиот компјутер.
Овој метод не е нов, но неодамна беше популаризиран од познатиот јутјубер ThioJoe.