Како изгледаше БАДНИКОВАТА ПОВОРКА во Прилеп

107

Оваа година, под мотото: “Пренеси ја Божикната радост до секое срце!”, со гордост ја продолживме традицијата на „Бадникови поворки“ во Прилеп.

Низ улиците на нашиот град, насекаде се слушаа звуците на детски гласови кои пееја песни исполнети со надеж и благодарност, најавувајќи го раѓањето на Исус Христос и носејќи пораки за љубов и мир.

Со срце исполнето со радост ги слушавме традиционалните песни: „Вечниот Бог“, „Тропар на Рожденство Христово“ и „Кондак на Рожденство Христово“. Овие звуци се симбол на нашата вера, култура и наследство, кои со љубов ги пренесуваме на најмладите за да ги зачуваме за идните генерации.

Извор: МаркукулеМК.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content