КАКО АХМЕТИ СОРАВИЈА: Функционерот на ДУИ Рафис Алити купил плац од 1,2 милиони евра во Тетово

51

Порталот на албански јазик Журнал.мк објавува документи од кои може да се види дека поранешниот заменик и потпретседател на ДУИ, Рафис Алити неодамна купил плац во центарот на Тетово вреден 1,2 милиони евра.

Журнал.мк објавува дека информациите ги добиле од анонимен извор кој во редакцијата донел и документи (подолу).

Станува збор за имот на компанијата Автопрогрес купен од Алити за 1,2 милиони евра. Купопродажбата била завршена на 4 јануари годинава, а потоа со нотарски акт Рафис Алити земјиштето го подарил на својот син. Журнал.мк пишува дека редакцијата го знае и името на нотарот во чија канцеларија во Тетово е пренесен имотот.

„Во врска со веста на порталот Журнал со наслов: Функционерот на ДУИ Рафиз Алити купил парцели за 1,2 милиони евра во срцето на Тетово, јас, Рафис Алити ги демантирам ниските клевети направени кон мене во пресрет на изборната кампања. со цел да се дискредитира моето име и моето семејство.

Текстот објавен на порталот е неоснован, бидејќи јас, Рафис Алити никогаш не сум бил договорна страна во купопродажбата на недвижен имот во Тетово ниту пак има вистина изнесеното тврдење за вредноста истакната во објавената вест.

Тоа што е уште поневистинито е дека откако сум станал сопственик на земјиштето, со договор за подарок сум му го префрлил на син ми.

Ако имало такво нешто, тогаш ќе морало да има купопродажен договор, банкарска трансакција и договор за подарок, што јас никогаш не сум го направил и за истото ве охрабрувам да го истражите.

Поради невистините, ви предлагам да ја повлечете оваа вест или ќе бидам принуден да се обратам до надлежните органи на правдата“, се вели во демантот на Алити до порталот Журнал.мк.

Од Журнал.мк одговорија дека го објавуваат демантот но нагласија дека поседуваат документи за, како што велат, направената трансакција.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content