Казна од 250 за граѓаните, а до 30.000 евра за угостителите

36

„Глобите се движат од 2.500 евра до 30.000 евра за правните лица, а тоа зависи од големината на правниот субјект и зависно од прекршокот. За различни прекршоци, има разни казни. Има глоба за одговорно лице од 1.500 лица, за физичко лице од 250 евра. Тие се предвидени со Законот за заразни болести“, вели Анета Симеска Димоска в.д. директорката на Пазарната инспекција.

Инспекторите нема да ги бараат сертификатите од граѓаните, туку од редарот и угостителот. Инспекторот може да им посочи на нив да ги земат и донесат сертификатите од гостите во локалот. Директорката Симеска-Димоска вели дека тие немаат надлежност да ги контролираат од маса на маса.

 

„Имаме свој план и начин за контрола. Нашите инспектори нема да одат од маса на маса. Не сакав да го кажам, но сите новинари, толку многу вршат притисок на нас да некој детали дознаат – но мислам дека има граници до каде ние треба да се отвориме со начинот на нашето постапување, бидејќи тоа предизвикува и проблеми при постапувањето во угостителскиот објект. Имаме свои начини како да го извршиме надзорот, мислам дека е коректно да имаме работи кои не смееме да ги кажеме во јавноста. Ние како Пазарен инспекторат ќе имаме разбирање по сите основи бидејќи нашата цел и согласно начелото кое го имаме со законот е превенцијата. Ние нашата цел е да превенираме. Доколку не можеме да ја добиеме целта на инспекцискиот надзор со превенција, тогаш ќе преземеме мерки. Не е единствено цел казнувањето. Јас навистина сум револтирана денеска зошто постојано сите прашуваат колку ќе бидат казните, како ќе бидат казните. Нашата цел не е веднаш да влеземе и казнуваме, туку со превенција да го регулираме. Доколку не се исполни целта на инспекцискиот надзор, тогаш ќе преземеме мерки“, додава таа.

Од 16 август, сите затворени угостителски објекти нема да може да организираат прослави, а во отворените делови кои се со капацитет за повеќе од 30 гости, ќе мора да има редарска служба, а присутните сертификат за примена барем една доза вакцина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content