Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализира исплатата од речиси 224., милиони денари на 3.821 корисник за дополнителни директни плаќања од подмерката 1.4 за градинарските култури предадени во преработувачките капацитети.
„Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства, кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерката 1.4 на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во регистарот на откупувачи на земјоделските производи“, се истакнува во информацијата.
Висината на директните плаќања изнесува 3 денари за килограм за сите градинарски култури.