Близу 4600 млекопроизодители на своите сметки ја добија премијата за произведено и предадено млеко во период октомври – декември 2021 година. Корисници на оваа поддршка се производителите на кравјо, овчо и козјо млеко кои сопственото производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко – запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
„ 6235 сточари кои го зголемиле своето основно стадо и пчелни семејства добиваат финансиска поддршка од 24.5 милиони денари. Дополнителната поддршка изнесува 30% од утврдената поддршка за основното стадо. Регистрираните земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензинско и инвалидско осигурување се исплатени со 56.4 милиони денари како дополнителна субвенција од 20% од висината на основните субвенции за 1937 индивидуални земјоделци“, соопшти Агенцијата.
Извршена е и исплата спрема близу 2000 производители на стратешки житни кулутури во висина од 46.3 милиони денари. Поддршката се однесува на набавка на вештачко ѓубриво за прихрана на земјоделскте површини за есенската сеидба.
„Со овие исплати, висината на поддршката за земјоделците преку Програмата за земјоделство – директни плаќања и програмата за интервентен фонд реализирана е финансиска поддршка од 116 милиони евра наменета за земјоделците. Заедно со реализација на програмите за рурален развој и Ипард програмата, поддршката за македонскиот аграр обезбеден преку АФПЗРР изнесува 140 милиони евра. Во време на најголемата воена, економска и енергетска криза успеавме да останеме достоен партнер на македонските земјоделци и чинители од земјоделскиот сектор“, посочува директорот Никица Бачовски.