Инфлацијата минимално намалена, живечката максимално зголемена

55

Инфлацијата намалена, но граѓаните речиси и да не забележале со оглед на еден куп давачки и многу трошоци. Според статистичарите во земјава во јануари годинава споредбено со претходниот месец трошоците за живот паднале за 0,3 проценти. Граѓаните години наназад велат животот е се потежок и поскап. Се жалат со платите и пензиите кои ги земаат едвај се преживува месецот. Пaрите велат немаат веќе вредност, ако 1.000 денари пред неколку години се прехранувале една недела сега не стигнуваат ниту за еден ден.

Државниот завод за статистика излезе со нови податоци каде се забележува дека ифлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот ако се споредува јануари со декември од минатата година е намалена за 0,3 отсто. Намалувањето, според Државниот завод за статистика, е резултат на намалувањето на трошоците на животот кај транспорт за 4,9 проценти, облеката и обувките за еден процент, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,8 проценти и рекреација и култура за 0,7 проценти.

Но покрај намалување на одредени работи исто така имаме и зголемување кај алкохолните пијалаци и тутунот за 1,5 проценти, рестораните и хотелите за 1,3 проценти, мебелот, покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 0,6 проценти.Намалување од 1,2 проценти е забележано и кај цените на мало во однос на декември лани. Но иако инфлацијата паѓа според ДЗС сепак трошоците за живот во однос на јануари ланската година се зголемени за 3,2 отсто додека цените на мало за 2,8 отсто.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content