Интерес за подигање нови лозови насади има најмногу за сортата „темјаника”

70

Има интерес за подигање нови лозови насади, најголема е заинтересираноста за одгледување на сортата грозје „темјаника”, информираа од расадникот за лозови и овошни садници во неготинското село Тимјаник.

– Најмногу се бараат садници „темјаника” и тие се резервирани уште од пролетта. Годинава поатрактивни се и винските и трпезните сорти. „Шардоне”, „вранец” и „смедеревка” се бараат доста оваа година. Ние имаме резервирано 70 проценти од нашето производство на лозовите садници, рекоа од Расадникот.

Оттаму појаснија дека наесен е најдобро да се сади лозов насад, ако е подготвена површината за садење, бидејќи, како што додадоа, цела зима тој садник мирува и се фиксира во почвата и на пролет побрзо и подобро тргнува вегетацијата.

Посочуваат дека е стандардна побарувачката на овошните садниц,и како и секоја година.

– Во различни региони различно се бара, дрвца од јаболки во Ресен, садници цреши во Охридско и Источна Македонија, сливи во Беровско, Делчевско и Радовишко, кајсии во Градско и Росоман, зависно од тоа, која сорта, каде успева, рекоа од Расадникот во Тимјаник.

Дека најголем е интересот за „темјаника”, за МИА потврди и Ѓорѓи Ајтов, советник во неготинската подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content