Според лидерот на пензионерите Николовски, оваа партија се залага за зголемување на минималната пензија која според него треба да биде најмалку 70 проценти од височината на просечната плата во земјава.
– Оваа влада имаше слух за нашите барања и затоа според нашите предвидувања минималната пензија во наредниот период треба да се зголеми и таа да изнесува некаде околу 20.000 денари, потсетува лидерот на пензионерите Николовски и додава дека можеби минималната пензија денес ќе изнесуваше толку ако Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година не го суспендираше членот 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување.