Изречени 85 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Прилеп

108

На 05.04.2025 година во периодот од 10.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за Униформирана Полиција-Биро за Јавна Безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола, ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 81 возач од кои: 22 лица за возење без возачка дозвола, 5 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 3 возачи под дејство на алкохол, 8 возачи на возила со затемнети стакла без извршен А-тест, 3 мерки за брзина поголема од дозволената, 8 мерки за непрописно паркирани возила, 6 мерки за претовар на товар и необезбеден товар, 4 барања за правни и одговорни лица, одземени се 2 пмв по 344/4 од ЗБСП односно возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од 6 месеци, одземена е една возачка дозвола по член 341 од ЗБСП како и останати прекршоци.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content