Измени на Изборниот законик за контрола на државните ресурси во изборниот процес

70

Во таа насока, за остварување целосен надзор, сите државни институции се задолжени до Државната комисија за спречување на корупцијата да достават податоци за сите моторни возила со кои располагаат со цел увид во нивното користење за време на изборите и спречување на евентуални злоупотреби.

Измените на Изборниот законик беа усвоени вчера без расправа, на предлог на пратениците  Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Бастри Бајрами, Сурија Рашиди, Борислав Крмов. Во образложението на измените координаторот на СДСМ Јован Митревски потенцираше дека зад предлогот стојат сите партии и од мнозинството и од опозицијата и оти произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДХИР за предвремените парламентарни избори 2020 година.

 

Со измените се опфатени сите делови на извештајот на ОБСЕ-ОДХИР и со нив се овозможува поголема ефикасност на изборните органи, се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции. Генерално со сите предложени измени и дополнувања се опфатени и ќе имаат бенефит пред сè граѓаните како гласачи, кандидатите, но и институциите кои имаат свои надлежности во изборниот процес, рече Митревски.

Како што соопштила шефицата на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР Тана де Зулуета,  овие локални избори набљудувачката мисија ќе ги следи со 20 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи, кои ќе пристигнат неколку дена пред денот на изборите.

Претходно, Државната изборна комисија (ДИК) на седница усвои барање за добивање овластување за набљудувачи за 34 лица. Сите кои се заинтересирани за набљудување на изборите можат да достават документација најдоцна седум дена пред одржувањето на изборите.

Кампањата за изборите започнува на 27 септември, а завршува на 15 октомври.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content