Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија. Пред двете комисии единствена точка на дневен ред е Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, во второ читање.
Членовите на комисиите треба да разгледаат четири амандмани.
Седница ќе одржи и Комисијата за финансирање и буџет која треба да ја почне амандманската расправа за ребалансот на Буџетот.