Ако некогаш сте се запрашале зошто супермаркетите немаат прозорци или се покриени со реклами дури и ако имаат, ова се причините.
Одењето до продавница е неопходно секој ден за да ги набавиме намирниците и другите ситници што ни се потребни. Додека барате храна, тоалетна хартија, хемикалии за домаќинството или слично, веројатно, сте свесни дека постојат мали измами кои продавачите ги користат за да ве задржат подолго и да ве „натераат“ да купите нешто друго.
Зошто супермаркетите немаат прозорци? Еве го објаснувањето:
Првата причина е едноставна и нема врска со трикови – храната, бонбоните и другите работи не треба да се изложуваат на директна сончева светлина. Побргу би се топеле и расипувале, па продавницата би била во огромна загуба во топлите месеци.
Но, втората, се разбира, е дизајнирана за доброто на клиентите. Нема прозорци за да не можете да гледате надвор.
Зошто е тоа така? Па, можеби нешто ви го одвлекува вниманието, мислите дека треба да побрзате, гледате дека почнува да врне и забрзувате за да стигнете дома… А идејата на продавницата е да останете што подолго, да купите колку што е можно повеќе и да потрошите што е можно повеќе пари.
Дури и кога продавниците, поради архитектурата на зградата во која се наоѓаат, имаат големи прозорци, тие често се прекриени со рекламен материјал. Сè уште не можете да видите што се случува надвор, што „крие“ една важна информација од вас – дали надвор почнува да се стемнува. Според некои истражувања, ова дополнително би ве поттикнало да забрзате и да се наредите на касата, наместо да останете и да талкате меѓу полиците, да купувате работи што не ви се потребни.