Покрај изложба на модерни автомобили, вчера во центарот на Прилеп имаше и изложба на олдтајмери.
Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на народното востание – 11-ти Октомври и предизвика огромно внимание.
Организацијата на овој настан беше на новоформираниот ОЛДТАЈМЕР КЛУБ АВТО МОТО “КЛАСИКА” од Прилеп.
И младо и старо сакаше да направи фотографија повеќе, а редицата најдолга беше кај популарните фиќа.
Ги имаше во сите бои, наредени едно до друго како во времето кога биле едни од ретките модели што се возеле низ улиците на поранешна Југославија.
Тука беше и популарното Рено 4 и популарната 101-ка.
Еден прекрасен настан кој никого не остави рамнодушен.
Со надеж дека наредна година ќе ги има уште повеќе, од уште повеќе градови, а зошто да не и од соседните земји.