Извештајот на ЕК за Македонија: Бавна реализација и одложување на реформите

30

Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк го објави својот коментар на на економскиот дел од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија 2022. Во извештајот се нотирани бројни слабости во однос на спроведување на економските структурни реформи за чие спроведување е потребен подолг рок, мерките за справување со последиците од енергетската криза не се таргетирани кон ранливите слоеви од населението и компаниите, даночните ослободувања ги поткопува даночните приходи, во Извештајот се дава остра критика за отсуството на каков било напредок во справувањето со сивата економија, мерките и стратегиите за подобрување на бизнис окружувањето не се доволно систематски и конзистентни, има недостатоци во транспарентноста и ефикасноста на државната помош…

Спопред Фајнанс тинк, Извештајот дава реална слика за македонската економија во пост-пандемискиот период и периодот на енергетска криза, слично како и претходните години, но овојпат поизразен е критичкиот тон кон клучни реформски приоритети кои се повторуваат во секој извештај поради бавната реализација или нивното одложување.

„Извештајот ја нагласува потребата мерките за справување со последиците од енергетската криза да бидат таргетирани кон ранливите слоеви од населението и компаниите, што е во линија  со забелешките и од домашната експертска заедница која континуирано укажува дека тенкиот фискален простор наметнува потреба од намалување на мерките кои по својата природа се линеарни, односно кои овозможуваат субвенционирања и за домаќинства и фирми кои имаат капацитет сами да го сносат товарот на кризата. Нашиот неодамнешен приказ на мерките објавени во октомври 2022 укажува дека од 19 мерки во сила, само три може да се сметаат за таргетирани, а девет, иако го омекнуваат негативното влијание од енергетската криза, сепак се редовни мерки кои се применуваат и во нормални времиња и/или претставуваат законска обврска (како, на пример, редовните усогласувања на пензиите и социјалните помошти).

Оваа неповолна слика за мерките за справување со енергетската криза целосно ја објаснува констатацијата од Извештајот според која: „недостатоците во планирањето, имплементацијата и мониторингот на мерките, како и нивната транспарентност и отчетност, влијаат врз нивната ефективност“.

Извештајот забележува дека широкиот дијапазон на даночни ослободувања ги поткопува даночните приходи, што е во линија со нашата поддршка за консолидација на даночните ослободувања (ФТ Став бр. 57) за предложената даночна реформа од август 2022, но е неутрален во однос на вкупната предлог-даночна реформа, имајќи предвид дека предлогот за наметнување придонеси на приходите од договори за привремено и повремено вршење работа ги поткопува темелите на владеењето на правото, а предлогот за прогресивно оданочување на доходот од граѓаните, но не и од копманиите во услови на екстра-остварени профити кај одредени дејности во кризни околности, отвора дилеми за вистинската намера на ваквото оданочување, како што е образложено во истиот ФТ Став.

Извештајот дава остра критика за отсуството на каков било напредок во справувањето со сивата економија, поконкретно во спроведувањето на Стратегијата за формализација на неформалната економија 2018-2022. Поконкретно, Извештајот наведува: „предизвиците наметнати од големата неформална економија не се адресирани на одлучен начин“, што е ист тон и фраза со која домашната експерска заедница ја анализира сивата економија и напорите на Владата  за справување со неа. Во Бриф за политиките (Колкава е  ашата сива економија? Како клучни економски политики се одразуваат врз неа?) од март  2022 го третиравме прашањето на  сивата економија во поширока смисла и најдовме дека најголемите удари (намалувања) врз неа биле зададени при намалувањето на даноците на доход во 2008 година и воведувањето на минималната плата во 2012 година, како и дека какви било придобивки од намалувањето на сивата економија не може да се одржат без робустно и непристрастно функционирање на институциите кои се надлежни за справување со неа. Притоа, укажавме дека без видливи резултати на полето на сивата економија, како што укажува и самиот Извештај, наметнување нови и повисоки даноци ќе биде само во корист на зголемување на сивата економија.

Извештајот наведува дека мерките и стратегиите за подобрување на бизнис окружувањето не се доволно систематски и конзистентни. Покрај справувањето со сивата економија која освен што ги поткопува буџетските приходи, претставува и кочница за развој и конкурентност на формалниот бизнис, Извештајот ги нотира и  парафискалните давачки. Во претходните години, Фајнанс тинк најпрво ги анализираше парафискалните давачки, нивниот обем, законски основи и висина, по што премина на акција за нивна оптимизација на локално ниво, преку повеќе-чинителски пристап во кој главните актери: општинските администрации и бизнис секторот имаат еднаква тежина. Од акцијата произлегоа насоки за оптимизација во 18-те вклучени општини (извештаи за финансиската транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки од октомври 2022). Иако оптимизацијата е бавна, како што наведува и Извештајот, прифаќањето на акцијата од вклучените општини е со задоволителна динамика, од што може да се исцрпат и добри практики за оптимизација на парафискалните давачки на централно ниво.

Извештајот нотира дека „транспарентноста и ефикасноста на државната помош останува со недостатоци“ и индиректно упатува дека, покрај консолидација на различните државни помошти за компаниите, неопходно е и нејзино намалување, односно базирање на поддршката на компаниите – на нивната конкурентност и интеграција во глобалните синџири на снабдување – преку други мерки кои исклучуваат државна помош. Извештајот укажува дека државната помош доделена на компаниите преку Планот за економски раст, како главен инструмент за хоризонтална помош, е нејасна, а државата не спровела оценка на нејзиното влијание. Нашата Студија за политиките 29: Државна помош во Македонија: Критички осврт на регулативната рамка од  јули 2020 ги идентификуваше недостатоците на Планот во поглед на усогласеноста со соодветната регулатива на ЕУ, додека нашата Студија за политиките 34: Мерење на економските ефекти од државната помош доделена на приватни претпријатија во Македонија: Случајот на владиниот План за економски раст од мај 2021 најде дека државната помош од првиот столб од Планот е главно неефективна, додека таа од третиот столб главно ефективна во постигнувањето на поставените цели.

Студијата дава и препораки со чие следење може да се адресираа една важна структурна  слабост кај доделувањето државна помош која ја идентификува Извештајот на ЕУ.

Во остатокот од економскиот дел, Извештајот се фокусира врз потребата од структурни реформи за чие спроведување и резултати е потребен подолг рок, а тоа се областите на човечки капитал, физичка и енергетска инфраструктура и иновации, кои во најголем дел беа присутни и во претходните извештаи“, се вели во коментарот на Фајнанс тинк.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content