Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ. За претстојната слава, на св. арх. Михаил (Арангеловден), во храмот св. Петка во нас. Точила и во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) лепчиња ќе се креваат преку целиот ден во понеделник (20.11.2023) и тоа од 7:00 – 17.00, И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во вторникот, ПО ЗАВРШУВАЊЕТО на Божествената Литургија.
Честита слава на сите кои го чествуваат св. арх. Михаил како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава!
Нека ни е за многу години и на помош!