Поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов открива колку милиони евра се платени за промена на името на Македонија.
Темата се отвори на дебата на Советот на амбасадори и Кабинетот на Иванов кои денеска организираа амбасадорска трибина за “Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“.
Покрај поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), на дебатата учествува и екс амбасадорот Ѓорѓи Филипов кој е претседател на Советот на амбасадори.
Дебатата за Кисинџер ја модерираше амбасадорот Ивица Боцевски, а присутни беа десетици активни и поранешни дипломати.
Македонија го смени името за 150 милиони евра, посочи претседателот Иванов.