Значително поскапување на горивата од полноќ

118

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на горивата од полноќ.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 78 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 80 денари, односно поскапување за 2,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре се зголемува за 2 денари, односно ќе изнесува 70,5 денари.

Цената на екстралесното масло за домаќинство се зголемува за 2 денари, и ќе се продава за 70,5 денјари по литар, додека цената на мазутот од утре ќе изнесува 44,5 денари по килограм, или поскапуваше за 0,5 денари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content