На 31 октомври стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за 1 час назад.
Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.
Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.
Преминувањето на летно и зимско време за првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.
Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од Октомври оваа година, ова е најверојатното последното преминување од летен во зимски мод.
Стрелките на часовникот не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.
Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.
Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.