Земјоделците апелираат интервентниот план да профукционира веднаш

50

Откако Министерството за земјоделство излезе со Интервентен план, сета слободна земјоделска површина да се даде за обработка на земјоделците. Од Асоцијацијата бараат тоа да се додели веднаш, а да не се чека со месеци.

„Му налагаме таа одлука да ја спроведе, секоја педа земја да биде издадена и да не биде тендерот за објава да трае икс време туку под итно да е предаден, за оваа пролет да ја искористиме таа земја.“ истакна Петар Стојковски, Асоцијација на земјоделци.

Дополнитено се жалат дека имаат проблеми со набавка на вештачко ѓубриво, поради забранетиот извоз од Русија. Бараат државата да најде алтернативни пазари, бидејќи тоа може да е главна причина за намалено производство годинава со далеку понизок квалитет.

„Проблемот со пченица можеби сега нема да го осетиме, но ако не фрлиме доволно количина прихрана, проблемот ќе го осетиме за време на жетва тоа значи ако лани по хектар имавме 3,4 тони по хектар, оваа година за да прихраниме нема да ја имаме таа количина а штом е помал приносот тоа ќе значи послаб квалитет на самата пченица.“ изјави Петар Стојковски, Асоцијација на земјоделци.

По руско-украинската криза извозот на житни култури и вештачко ѓубриво на двата најголеми извозници драстично се намали – за заштита на домашниот пазар Владата излезе со сет мерки. Па така – забраната за извоз на домашно жито и масло за јадење останува до 15ти април, а наредната недела се очекува да завршат процедурите за увоз на пченка и пченица од Србија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content