Зелката се нуди бесплатно на Фејсбук, кој сака може да си набере директно од нива

325

Речиси половина од пролетната зелката остана да скапува на нивите, а земјоделците почнаа да ја нудат и на социјалните мрежи. Велат дека не сакаат да ја дадат за еден до два денара и затоа ја нудат бесплатно на граѓаните кои сака да дојде да си набере зелка директно од нивите во Струмичко. Земјоделците почнаа да ја уништуваат, ги ораат нивите сосе зелка со цел да засадат други култури. Велат дека се очајни, бидејќи само мал дел од зелката е продадени и тоа под производствената цена. Дел од родот го подариле на роднини, пријатели, соседи, а има и такви кои на социјалните мрежи ја нудат бесплатно. Но, тоа не е решение, затоа што вложиле пари, работеле, изгубиле време, а сега трпат загуби. Жално е што родот се уништува по полињата, но немаат каде да ги пласираат количествата.

Земјоделците се разочарани од ниските откупни цени на градинарските производи од кои најлошо помина зелката. Речиси половина од пролетната зелката остана да скапува на нивите, а земјоделците почнаа да ја нудат и на социјалните мрежи. Велат дека не сакаат да ја дадат за еден до два денара и затоа ја нудат бесплатно на граѓаните. Кој сака може да си набере зелка директно од нивите во Струмичко. Земјоделците почнаа да ја уништуваат, ги ораат нивите со се зелка со цел да засадат други култури. Велат дека се очајни, бидејќи само мал дел од зелката е продаден и тоа под производствената цена. Дел од родот го подариле на роднини, пријатели, соседи, а има и такви кои на социјалните мрежи ја нудат бесплатно. Но, тоа не е решение, затоа што вложиле пари, работеле, изгубиле време, а сега трпат загуби. Жално е што родот се уништува по полињата, но немаат каде да ги пласираат количествата.

-Мене 6-7 тони зелка ми останаа на нивите. Јас ја уништив и садев пиперка. Завршено е со зелката. Имаше и донации, но за да ја донирам, да плаќам превоз, не бива. Требаше државата, институциите да организираат да се однесе некаде. Кој сакаше можеше да си бере зелка од нивите. Лоша е состојбата, вели еден земјоделец од Струмичко.

Зелката е една од најзастапените култури во Струмичко, главно поради ниските производствени трошоци, но и помалиот труд потребен за нејзино одгледување. Земјоделците кои годинава засадија поголеми количества пролетна зелка која минатата година помина добро и се откупуваше по двојно повисока цена, годинава се соочија со големи проблеми околу продажбата. Велат дека и она што се продаде е по сосема нерентабилна цена од по 6 денари за килограм.

Од Националната земјоделска мрежа кои ги подржуваат протестите на земјоделците велат дека под итно треба да се стави ред на увозот на земјоделски производи. Не може домашните производи да скапуваат по нивите, а во маркетите да се продаваат земјоделски производи од Албанија, Турција…

-Цените на земјоделските производи не ја отсликуваат реалната состојба, производствените цени се повисоки од откупната. Во државата влегуваат големи количества на земјоделски производи со сомнителен квалитет и покрај тоа што имаме доволно домашно земјоделско производство. Нашите барања до надлежните институции е под итно да се запре увозот, да се стави контрола на откупните центри, да се дефинираат производствените цени и да се одредат реални откупни цени кои ќе бидат прифатливи за земјоделците, трговците и граѓаните со цел да се обезбеди економска одржливост и квалитет на земјоделското производство, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ѓорѓи Каракашев, од Националната земјоделска мрежа.

Земјоделците кои деновиве протестираа ѝ порачаа на новата Влада доколку не се заложи за решавање на проблемите ќе треба да се откаже целосно од овој сектор зашто веќе нема никој да работи на нивите.

Додека нашата зелка скапува на нивите, увозот се зголемува. Само во последните два месеца сме увезле 88.753 килограми зелка, најголем дел од Албанија, а помал дел од Италија, Шпанија и од Холандија.

Освен проблемот со зелката, земјоделците годинава се соочија со ниска откупна цена на младиот компир и на доматот. Пред десетина дена со дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, беше договорено откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари за килограм.

Што се однесува до откупната цена на доматот со откупувачите е договорено во наредните денови откупната цена на црвениот домат да не падне под 30 денари, односно под 35 денари за килограм на розовиот домат.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content