За многумина од нас утрото значи рано станување, брзање на работа, подготвување на децата за во училиште или градинка и подготовка на појадок кој не само што ќе биде брз туку и здрав! Нутриционистите го пронашле идеалниот рецепт за појадок. Станува збор за зелен кашест сок од лиснат зеленчук, полн со витамини, минерали, влакна, хлорофил и амино киселини. За да го „маскирате“ мирисот на зеленчукот, препорачливо е да го измешате зеленчукот во блендер со овошје.
Зелениот кашест сок се одликува со следните придобивки:
- вкусен и лесен
- полн со витамини, минерали и растителни влакна
- брзо се подготвува
- сите членови на семејството можат да го пијат
- го подобрува изгледот на кожата, косата и ноктите
- ја дава потребната енергија
- овозможува природно губење на тежината
- го подобрува расположението
- му ги дава на телото сите потребни хранливи материи
- го спречува стареењето на клетките и го намалува ризикот од појава на рак
- го нормализира варењето
- ја подобрува меморијата, бистрината на умот и концентрацијата
Дали е здраво да се мешаат овошје и зеленчук?
Сте слушнале дека комбинирањето на овошје и зеленчук не е здраво. Но зошто е тоа така? Тоа е затоа што овошјето лесно се вари, додека повеќето зеленчуци содржат скроб, за кој е потребно подолго време да се вари.
Поради комбинацијата на такви некомпатибилни намирници, храната подолго се задржува во стомакот, што може да предизвика надуеност, гасови, а понекогаш и запек. Но, постои еден исклучок од ова правило – зелениот лиснат зеленчук. Не содржи скроб и лесно може да се комбинира не само со овошје, туку и со било кој друг вид на храна. Во продолжение ви споделуваме неколку рецепти за зелено смуди.
Рецепти за зелени смуди со спанаќ
Потребни состојки:
- 1 банана
- 300 милилитри вода
- 100 грама шумско овошје (свежо или замрзнато)
- 2-3 листови спанаќ
- 1 лажица кафеав шеќер или јаворов сируп (по желба)
Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат 1-2 минути. Испијте го сокот веднаш, во мали голтки. Оваа количина на сок е доволна за 1 оброк за едно лице. Едноставно не можете да погрешите со овој рецепт: има одличен вкус, а и на децата ќе им се допадне. Покрај тоа, можете да го замените шумското овошје со кое било друго овошје (освен лубеница и диња), а наместо спанаќ можете да употребите кељ, салата или друг зелен лиснат зеленчук.
Смуди од зелена салата
Подготовката е иста: состојките се ставаат во блендер и се мелат додека не добиете еднолична смеса.
Боровинки и зелена салата
Потребни состојки:
- зелена салата, исечкана на коцки
- 1 зрела банана
- 1 чаша боровинки, свежи или замрзнати
- 1/2 чаша манго
- 1 1/2 чаши вода
Цреша и зелена салата
Потребни состојки:
- зелена салата, исечкана на поголеми коцки
- 1/2 чаша боровинки
- 1/2 чаша манго
- 1/2 чаша цреши без јазли
- 1 1/2 чаши вода
Јагоди и зелена салата
Потребни состојки:
- 1 чаша јагоди
- 2 банани
- зелена салата
- 1 1/2 чаши вода.