Здравствените работници ќе добијат бонус од пет проценти овој месец
Потенцира дека на состаноци со претставници на Синдикатот на здравствени работници се дискутирало дали покачувањето може да биде дел од анкесот на Колективниот договор или со оглед на тоа што сумата од пет проценти доаѓа како поддрршка преку кредитот од Светска банка не може да се пресмета во основната плата, ќе биде како бонус- додаток.
Во таа смисла ќе биде и нешто поголема сума заради тоа што ќе биде само дополнување. Средства се обезбедени и овој месец ќе ги добијат петте проценти, изјави Филипче.
Како што истакна министерот за здравство, се планирало ако не се стигне во мај, здравствените работници да добијат дупла сума за изминатите два месеца, а потоа да се продолжи со по пет проценти. (МИА).