Зголемување на капитациските бодови за матичните лекари

Донесена е одлука за историско зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април годинава, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 отсто, додека за стоматологија од 61 на 75 денари или за 23 проценти.

100

Како што истакна Мицкоски на прес-конференција во Владата, зголемувањето на капитацијата ќе значи повисоки плати и помотивирани лекари.

„Ова зголемување доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот од 2019 до 2022 гоидна кога бодот иснесувал 63 и 48 денари“, рече премиерот.

Тој по повод Свтскиот ден на здравјето им се заблагодари на сите лекари за посветеноста и работењето, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи да го зајакнува здравствениот систем.

На прес-конференцијата ќе се обратат и министерот за здравство Арбен Таравари, како и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content