Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од годинава изнесува 4 944 169 000 денари, што е 15,7 отсто зголемување во однос на истиот период лани.
Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 32 процента, додекаа кај продажбата од сопствено производство е забележано намалување за 4,4 отсто.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај житата, грозјето, добитокот, млечните производи и рибата, а кај останатите земјоделски производи е евидентирано намалување.