Луѓето веруваат дека одредено однесување може да им донесе среќа или несреќа во следната година.Ова се некои од најчестите обичаи:
Црвени гакички за љубов
Покрај огнометот, забавата и танцувањето, се верува дека црвената долна облека ќе донесе љубов во новата година. Оваа традиција е врзана за верувањата од стариот век, кога не било дозволено носењето на црвена облека. Тогаш, таа се поврзувала со крвта, ѓаволот и вештиците. Но, многу луѓе копнееле да носат ваква облека бидејќи верувале дека таа е симбол на животот и новата енергија.
Некои од другите обичаи се следните:
- Во новата година, не треба да се влегува со долгови, бидејќи тоа ќе ве следи во текот на целата година.
- Не смеете ништо да изнезесете од домот, ниту пак да ги истресете трошките од столот.
- Новата година треба да се дочека со многу врева, бидејќи така се бркаат злите духови.
- Новата година треба да ви ја честита личност од спротивниот пол прво, поради среќа во љубовта.
- Ако сакате среќа во новата година, првиот гостин во домот треба да биде темнокоса и висока машка личност која ќе донесе подарок.