Од почетокот на годината нафтата и нафтените деривати вртоглаво растат, а го пробија и неславниот рекорд од 2012-та година. Тогаш бензинот 98 се точеше за 90,5, 95-ката за 89, а дизелот за 75,5 денари. Но и овие цени во моментот се незамисливи, со оглед на тоа што од особено од понеделникот тие вртоглаво пораснаа. Дизелот за само три дена поскапе за дури 21,5 денари.
Денеска Регулаторната комисија донесе нови цени, поевтини од досегашните. Бензинот поевтинува за 6,5, а дизелот за 9 денари.
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар); Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар); Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 88,00 (денари/литар); Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС – 60,914 (денари/килограм).