Институциите координирани и спремни како никогаш досега за најголемата трагедија што ја памети Македонија во која животот го загубија 59 млади луѓе.
Соработката резултираше со притвори на службени лица и други луѓе кои се поврзани со дивото работење на дискотеката. Експерите забележуваат дека координираната соработка на МВР и Обвинителство веќе покажува резултати. За жал, требаше да се случи ваква невидена трагедија за институциите да се самоорганизираат и да одговорат на нивото на задачата, коментира поранешниот функционер. Според него, од осамостојувањето на Македонија ова се случува за првпат иако последниве години се случија повеќе трагедии
На иста линија е и професорот по криминалистика Злате Димовски.
Одговорноста на луѓето што придонеле да се случи трагедијата допрва ќе се утврдува во судска постапка, но засега според брзата реакција на МВР и Обвинителството, очигледно е дека ќе бидат и обезбедени докази.
Истрагата нема да застане на 26-мината осомничени, туку ќе се проширува и според највите на МВР ќе опфати и други луѓе. Покрај големиот број на притворени, разрешени се и седум службеници и началници во МВР.
Министерот Тошковски појасни дека во истрагата се вклучени голем број експерти, а се разгледува и обемна документација поврзана со издавањето на дозволата за работа на дискотеката.
Осомничените службени лица подготвиле, потпишале и одобриле позитивна согласност, со што му овозможиле на правното лице да добие лиценца за угостителска дејност, иако објектот не ги исполнувал техничките и безбедносните стандарди.
Од фалсификат лиценца за кабаре во супстандарни услови, ниски тавани, пиротехника, една врата за влез и излез, никакви противпожарни апарати, до пуштање на малолетници да се журкаат со часови после полноќ.
Неработењето на Обвинителствата ширум земјата придонесе шерифско однесување на многу газди во помалите градови и во Скопје. Притисокот на јавноста и гневот кај граѓаните го размрдаа државниот обвинител Љупчо Коцевски да почне да си ја врши работата.
Извор: АЛФАТВ.