За некоја година ќе си гледаме на јутјуб како да си пуштиме сами инфузија, алармира Ина за Денот на медицинските сестри

99

Денес се одбележува Денот на сите медицински сестри кои несомнено се симбол на грижа, посветеност и хуманост. Денес, им оддаваме чест и благодарност на сите медицински сестри и техничари кои се грижат за здравјето и добросостојбата на пациентите. Нивната улога е незаменлива во здравствениот систем – тие се срцето на грижата, поддршката и надежта.

Нивниот придонес е тивок, но огромен – секој ден се грижат за здравјето и достоинството на пациентите.

Она на што постојано се алрмира е заминувањето на овој вид на персонал надвор во земјава во потрага по подобро платени работни места.

– Лани си отишле 2000 медицински сестри од државава. Секоја година си одат се повеќе, ги едуцираме и им ги праќаме во Германија спремни. Тука остануваме со околу 2 сестри на 35 пациенти кои ги тераме да работат по 12 саати. И ги држиме на договор на дело ко небитни некои. А кој не лежел во болница не знае дека се најбитни во процесот пред и по операција. Сега викаме сестри во пензија да се вратат на работа пошо нема кадар. За некоја година ќе си гледаме на јутјуб како да си пуштиме сами инфузија, алармира познатата гласноговрничката на социјалните мрежи Ина Многуфина.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content