За грчките медиуми само МАКЕДОНИЈА БИЛО ПРОВОКАЦИЈА, а прашале ли зошто Грција не го спроведува Преспански?

Грчките медиуми реагираат за изјавата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова поради употребата на терминот „Македонија“. Тие велат дека ова е „Провокација од Силјановска“.

213

Тие пренесуваат текст на државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Северна Македонија: Гордана Силјановска положи заклетва како претседателка на земјата, која ја нарече „Македонија“.

Во текстот се вели дека „Силјановска, за време на заклетвата, државата ја нарекла „Македонија“, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го читаше претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, повикувајќи ја Силјановска да повтори, земјата беше спомената како „Северна Македонија“.

„Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софиа Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за инаугурацијата на Гордана Силјановска, си замина во знак на протест поради фактот што претседателката за време на нејзината заклетва ја нарече земјата „Македонија“, прекршувајќи го Договорот од Преспа“, пишува АНА-МПА.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content