Сончевото време со слаб до умерен северен ветер ќе преовладува уште утре и во петок. Веќе кон крајот на денот во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и облачноста ќе се зголемува, а во сабота дневната температура значително ќе се намали.
Од недела повторно времето ќе биде стабилно, но со значително пониски утрински температури.