Се почесто се јавуваат алергиите кај децата, говорат информации од тетовските клиники.
Оттаму додаваат дека проблемот е на светско ниво, но во Тетово алергиите земаат замав, со оглед на големото аерозагадување.
„Таа се појавува кај многу пациенти.Симптоми има различни, ако е од храната таа се појавува кај двегодишна возраст, инхалаторната алергија се јавува над две годишна возраст. Симптомите се чешање на носот од долу нагоре, солзење на очите, секрет, кашлица гребење на грлото, кај потешки алергии имаме потешкоти и во дишењето. Како да препознаеме обична настинка од алергии?. Кај настинката имаме покачена температура, имаме чешање на носот и кај настинките и кај алергии, кашлање и секрет кај носот имаме кај двете, чешање на очите имаме само кај алергиите. Кај настинките на пример престануваат симптомите за две недели. Порано немавме многу алергии оти имавме почиста животна средина. Зошто не реагира секој организам во иста мер, тука се гените пред се фактор. Затоа треба да се направат алерго тестови, рече педијаторот Д-р Иса Османи.
Д-р Османи со одредени совети до родители чии деца имаат алергии.
„Ако се открие дека децата се алергични треба родителите кога ќе се вратат од прошетка со децата да ги измијат, да се проветруваат просториите. Детето не треба да оди во градинка и училиште ако симптомите се поголеми. И треба да се пријавува алергичноста на децата во градинките и училиштата, рече Д-р Османи.
Во последните две години, според многу студии, алергиите кај децата драстично се зголемиле, додава доктор Османи, а причините за тоа се:
„Зголеменото загадување на животната средина, воздушните замрсувања и загадувањата влијаат на здравјето на децата и можат да предизвикаат или да го зголемат ризикот од алергиите.Децата се изложени на различни токсични материи, што може да го наруши нивниот имунолошки систем и да ги направи подложни на алергии.Потребата за брза и евтинa храна, обично обработена и со додатоци и конзерванси, како и рафинирани шеќери, може да влијае на здравјето на децата и да предизвика алергии, вели Д-р Османи.
Раното откривање и менаџирање на алергиите кај децата може значително да го подобри нивниот квалитет на живот и да ги заштити од потенцијални опасности, додава Д-р Османи.